Прилепчанец кршел и тепал во продавница, залутан куршум во кафуле во Аеродром

775

ПРИВЕДЕН ОХРИЃАНЕЦ ЗА МАРИХУАНА И СЕМКИ ОД КАНАБИС – На 27.10.2020, при претрес извршен во стан во Охрид, што го користел Г.Ц.(39) од охридското село Подмолје, полициските службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа семки од растението канабис и марихуана. Г.Ц. е приведен и по целосно документирање на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

КАЈ ОХРИЃАНЕЦ ПРОНАЈДЕН КОКАИН – На 27.10.2020 во 19.15 часот,  во близина на деловен објект лоциран на  регионалниот пат Струга – Дебар, при преглед извршен врз Т.Р.(29) од Охрид, кој бил во патничко возило „пежо 206“, со охридски регистарски ознаки, пронајден е и одземен кокаин. Тој е приведен во полициска станица, по што ќе му биде поднесена соодветна пријава.






АВТОБУСИ ВОЗАТ БЕЗ ЛИЦЕНЦА И НЕРЕГИСТРИРАНИ – На 27.10.2020 на поширокото тетовско подрачје била спроведена сообраќајна контрола во јавниот превоз, при што биле откриени и законски санкционирани четири возила без лиценца и едно возило кое ја прекршило владината одлука во врска со справување со коронавирусот. На сопствениците на возилата им се изготвени соодветни кривични пријави. Покрај ова, во рамки на контролата биле откриени и четири возила со истечена регистрација…

ПРИЛЕПЧАНЕЦ КРШЕЛ И ТЕПАЛ ВО ПРОДАВНИЦА – На 27.10.2020 во 18.30 часот во ОВР Прилеп, К.Б.(60) од Прилеп пријавил дека околу 17.30 часот, додека бил на своето работно место во продажен објект во Прилеп, О.М. се однесувал агресивно и се обидел физички да го нападне, оштетувајќи го инвентарот, по што пристигнал М.Б.(31), син на пријавителот, кој бил физички нападнат од О.М. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ФИЗИЧКИ НАПАД ВРЗ ПОЛИЦАЈЦИ – На 28.10.2020 во 1.45 часот на раскрсница на пат од с.Орешани со с.Таор, скопско, од полициски службеници од СВР Скопје биле приведени С.Д.(25) од с.Таор и С.Г.(22) од с.Орешани, бидејќи физички нападнале полициски службеници кои извршувале работни задачи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

КУМАНОВЕЦ И  ЈА ИСПРАЗНИЛ КАРТИЧКАТА НА ОХРИЃАНКА – СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.С.(36) од Куманово, сопственик и управител на фирма од Куманово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 24.02.2020, пријавениот неовластено влегол во компјутерските податоци на  банкарската кредитна картичка на А.А. од Охрид и извршил шест трансакции, со што ѝ нанел материјална штета.

СКОПЈАНЕЦ БИЛ АГРЕСИВЕН КОН ПОЛИЦАЈЦИ На 27.10.2020 во 17.10 часот на подрачје на Аеродром бил лишен од слобода Д.К.(39) од Скопје, бидејќи го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеник. Против него ќе следи соодветен поднесок.

КУРШУМ ОШТЕТИЛ ПОКРИВ НА УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТ – На 27.10.2020 во 16 часот во СВР Скопје, Д.К. пријавил дека во угостителски објект на подрачјето на Аеродром имало оштетување на кровот и паркетот од залутано зрно. Нема повредени лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ИСТЕПАНИ ПОЛИЦАЈЦИ – На 27.10.2020 околу 22 часот на клучка Матка од полициски службеници од СВР Скопје бил приведен М.М.(48) од с.Семениште, скопско, бидејќи се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале работни задачи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Поврзани содржини