ПРИЛЕП Е ПОДГОТВЕН ДА ПРЕЧЕКА ПОВЕЌЕ ОД 20.000 ПОСЕТИТЕЛИ Почнува фестивалот на пивото, скарата и добрата музика
Годинашниот Пиво фест има хуманитарен белег. Советот на Општина Прилеп донесе одлука 30 денари од цената за паркирање да оди во хуманитарни цели.
Најмасовниот и најпопуларен фестивал на пивото, скарата и убавата музика Пивофест по 18 пат вечерва почнува во Прилеп.
– Градот е максимално подготвен за една најголемата забава во Македонија – Пиво фест 2022 – изјави градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески.
Водители на четирите фестивалски вечери се шоуменот Игор Џамбазов и Марјана Станојковска.
Вечерва програмата почнува во 18 часот, а на главната сцена ќе настапат Елена Петреска, Балканика, Нино Величковски, Ален Хасановиќ, Наум Петрески, Љубојна, ДНК, Џамбо Агушев оркестра, додека пак на алтернативната сцена ќе настапи DJ Mario Eddie.
– Очекуваме околу 20.000 до 3о.000 посетители на оваа, прва, фестивалска вечер, па затоа апелирам до сите посетители кои ќе го дојдат во Прилеп да го почитуваат јавниот ред и мир за да имаме убави и незаборавни фестивалски денови, а прилепчани ги замолувам за време на фестивалот поретко да ги користат своите возила заради одржување поголема безбедност и непречено одвивање на сообраќајот, со оглед на тоа што просторот во центарот на градот овие неколку денови ќе биде затворен за сообрајќај. Јавните комунални претпријатија се подготвени за одржување на хигиената и чистотата на градот, а паркинг службата е спремна на означени места да ги упатува возилата кои доаѓаат од другите градви на Макеоднија. Годинашниот Пиво фест има хаманитарен белег. Советот на Општина Прилеп донесе одлука 30 денари од цената за паркирање да оди во хуманитарни цели – изјави градоначалникот Јовчески.