ПРИКЛУЧИЛЕ БРОИЛО И УКРАЛЕ СТРУЈА ВРЕДНА МИЛИОНИ Две лица ѝ нанеле огромна штета на ЕВН

ОВР Струга поднесе кривична пријава за две лица од Корошишта кои незаконски го приклучиле електричното броило и предизвикале голема материјална штета.

262

Струшката полиција поднесе кривична пријава против Ч.И. (83) и Ф.И. (45), двајцата жители на струшкото село Корошишта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“.

Според информациите од полицијата, во текот на оваа година пријавените неовластено го прекинале доводниот кабел кој водел до електричното броило, а потоа противправно поврзале бакарни жици, со што го премостиле броилото и го оневозможиле да ја мери потрошената електрична енергија.






Со ваквиот потег пријавените предизвикале штета на ЕВН Македонија, подружница КЕЦ Струга, во износ од 1.377.911 денари, соопшти полицијата.

Од МВР потенцираат дека истрагата продолжува и дека лицата ќе се соочат со соодветни правни последици согласно законот.

Поврзани содржини