ПРИКАЗНАТА ЗА ДРАМАТИЧНИОТ ПОРТРЕТ НА ФРИДА Која е славната уметница, иконата на феминизмот, љубовницата на Троцки?
Автопортретот „Диего и јас“, којшто Фрида Кало го насликала 1949 година, е купен лани во ноември, на аукција во Њујорк, за рекордни 34,9 милиони долари. Изложен е прв пат во Буенос Аирес по 25 години.
Магдалена Кармен Фрида Кало и Калдерон е истакната мексиканска сликарка позната по своите автопортрети. Нејзината уникатна појава ја први посебна и исклучително значајна личност во светската историја на уметноста.
Култниот автопортрет „Диего и јас“ (Diego y yo“), преку кој се покажува болката на Фрида поради нејзиниот партнер, сликарот Диего Ривера, убедливо најскапата латиноамериканска слика во историјата, е изложена првпат по скоро 25 години во музејот во Буенос Аирес, чиј сопственик ја купил.
На платното Фрида е насликана со пуштена коса и со нејзиниот типично интензивен поглед. Таа зборува за нејзината лутина и разочараност од нејзината пријателка, филмската ѕвезда Марија Феликс, која има афера со нејзиниот Диего. Славниот сликар е насликан на нејзиното чело над веѓите.
Фрида е родена во Којокан, Мексико, на 6 јули 1907 година, како ќерка на татко со унгарско-еврејско потекло и мајка со шпанско-мексикански и индиски корени, иако таа тврди дека е родена за време на Мексиканската револуција.
Бурно детство и тешка младост го зацрниле животот на оваа сликарка. Сообраќајната несреќа го променила нејзиниот живот и им се препуштила на боите и платното.
– Јас ја сликам сопствената реалност. Сè што знам е тоа дека сликам поради потребата да работам, а причината зошто така се сликам себеси е бидејќи себеси се познавам најдобро – изјавила Фрида.
Љубовта на нејзиниот живот е Диего Ривера. Тој бил нејзината поддршка a стилот со кој се носела, силните бои и егзотични накити е нешто по што е препознатлива а е поттик од нејзиниот сопруг. Бракот со Диего не бил како оној од соништата. Неверствата од двете страни, жестоки расправии и секојдневни проблеми. Љубовта со несреќен крај е значајно рефлектирана во нејзините дела .
– Во животот ми се случија две големи несреќи. Првата беше сообраќајната несреќа која физички ме онеспособи, а втората беше Диего, тој тоа го направи на друг начин – вели таа.

И по разводот, тие останале блиски пријатели и големи љубови. Фрида била сакана и почитувана од многу луѓе, меѓу кои и од Андре Бетон и Пикасо. И покрај тоа што во животот му се препуштила на платното, таа имала само 3 изложби во Њујорк, Мексико и во Париз.
И покрај влошената здравствена состојба својата последна изложба ја направила поставувајќи го креветот среде галерија.
– Моето сликање со себе носи болка и тоа ми го уништи животот. Се надевам дека моето заминување од овој свет ќе биде весело и дека никогаш нема да се вратам тука – напишала таа во својот дневник пред нејзината смрт.
Препорачуваме да го погледнете филмот за животот на Фрида. Ова е трејлерот за овој филм:
Автопортретот „Диего и јас“, којшто Фрида го насликала 1949 година, е купен лани во ноември, на аукција во Њујорк, за рекордни 34,9 милиони долари. Дотогаш, најскапата слика од латиноамериканец беше „Ривали“ од 1931, на Диего Ривера, продадена 2018 година, на наддавање за 9,76 милиони долари.
Едуардо Ф. Костантини, аргентински колекционер и основач на Музејот на латиноамериканска уметност во Буенос Аирес, најави дека делото од петок ќе биде поставено во склоп на изложбата „Трето око“ (Tercer Ojo).
– За мене Фрида е уникатна уметница. Таа имала драматичен живот којшто го раскажува без срам, спонтано и отворено. Мислам дека тоа е токму она што луѓето го сакаат кај неа – изјави вчера Костантини за оваа икона на феминизмот, која почина 1954 година, на 47-годишна возраст.
Изложбата ќе има 240 дела, многу од кои јавноста не ги видела речиси со десетлетија. „Диего и јас“ последен пат беше изложена во 1998 година.
ТРОЦКИ УБИЕН КАКО ГОСТИН НА ДИЕГО И ФРИДА
Во филмот „Фрида“ се раскажува за аферата меѓу славната уметница и уште пославниот руски револуционер Лав Троцки.
Во обид да избега од одмаздата на Сталин, по многуте неуспешни обиди да биде ликвидиран, Троцки во 1937 година, заедно со својата сопруга Наталија Седова, ќе се засолни во Мексико, како гостин на Диего Ривера и Фрида Кало.
Според некои верзии, за време на краткиот престој во Мексико, Троцки ќе има жешка љубовна афера со Фрида.
Троцки е убиен во 1940 година, во куќа во Којокан. УБиен е сурово, со секира за кршење мраз.