Прикаската дека ова е последна шанса е лага
Ќе има нов предлог, како што веќе имаше португалски и германски. Ќе има предлози сè додека не се дојде до нешто взаемно
Францускиот предлог е замка, слепа улица, отворена врата која никогаш нема да може да се затвори.
Не е идејата само да започнеме преговори, туку да успееме некогаш и да ги завршиме. Со ваков документ на маса, со толку општи формулации, кои и даваат можност на Бугарија да блокира и уценува во секоја фаза за што и да посака, не само што никогаш тој процес нема да го завршиме, туку процесот ќе се претвори во агонија во која чекор по чекор ќе откинуваме парчиња месо од сопствениот идентитет.
Ниту е ова последна шанса, ниту ни е потребна ваква шанса. Прикаската за некаква последна шанса е замка, лага. Ќе има нов предлог, како што веќе имаше португалски и германски. Ќе има предлози сè додека не се дојде до нешто взаемно прифатливо.
Оваа ситуација, оваа наметната рамка, е резултат на дипломатскиот дебакл и неспособност на македонската дипломатија, која сака овој свој неуспех да го заташка и покрие со прашина, испилувајќи франкенштајн кој ќе нè фрли во такви проблеми во однос на кои постојните ќе ни изгледаат смешни и наивни. *) бидејќи предлогот го нема во интегрална форма во јавноста, што е дополнително фрапантно и фрла сомнеж за целиот процес кој се води нетранспарентно, за него фрагментирано се информираме од посредници и медиуми кои пренесуваат делови од Рамката и истите ги анализираат. Благодарност до Дојче Веле, БГНес и Франспрес.
(ФБ статус на авторот)