ПРИХОДИ ОД ПРОДАЖБА ОД 2.967 МИЛИОНИ ДЕНАРИ Македонски телеком оствари импресивни резултати од првиот квартал

Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е зголемена за 4,4 проценти споредено со минатата година, а нето добивката е во пораст од дури 15,2 проценти, информираат од Телеком.

126

Македонски Телеком ja почна 2024 година со силен финансиски раст на крајот на првото тримесечје.

Успешното работење продолжува како резултат на фокусот на модернизацијата и ширењето на мрежата, пионерството во воведувањето нови технологии и посветеностa на најдоброто корисничко искуство.






„Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е зголемена за 4,4 проценти споредено со минатата година, а нето добивката е во пораст од дури 15,2 проценти. Приходите од продажбата се зголемени за 3 проценти во споредба со истиот период од претходната година и изнесуваат 2.967 милиони денари“, велат од компанијата.

Поврзани содржини