📽 ПРИГОЖИН СЕ ПОТИ НА 50 СТЕПЕНИ „Африка сега е уште послободна“

Правда и среќа за африканските народи. Кошмар за ИСИЛ, Ал Каеда и за другите бандити, вели Пригожин на снимката.

1,597

Видео од Евгениј Пригожин, водачот на платениците „Вагнер“ беше објавено на канал на Телеграм, а во него тој тврди дека температурата е 50 целзиусови степени, но дека „Африка е уште послободна“.

„Ја правиме Русија уште поголема, на сите континенти. А Африка е уште послободна. Правда и среќа за африканските народи. Кошмар за ИСИЛ, Ал Каеда и за другите бандити“, рече тој.






Снимката доаѓа во очи на самитот на БРИКС во Јужна Африка, додека Пригожин претходно во јули беше виден на маргините на средба на лидерите на африканските земји во Санкт Петербург заедно со официјално лице од една африканска држава.

 

Претходно, сателитски снимки сугерираа дека „Вагнер“ се наоѓаат во камп во Белорусија каде наводно ги тренираат белоруските војници. Според снимките од „Максар технолоџис“ кампот расте од ден во ден.

Откако одиграа клучна улога во битките во Украина платениците „Вагнер“ се побунтуваа против руската власт, а обидот за пуч го прекинаа на стотина километри од Москва. Се шпекулираше дека постои договор со кој Пригожин треба да замине во Белорусија.

Поврзани содржини