ПРИГОЖИН ПРЕДВИДЕЛ КАКО ЌЕ ЗАГИНЕ! Во едно интервју зборува за смртта и за авион што се распаѓа во воздух

Нема да лажам, морам искрено да кажам дека Русија е на работ на катастрофа. И ако овие запченици не се подесат денеска, тогаш авионот ќе се распадне во воздухот – вели Пригожин во видеото.

3,140

Снимка од старо интервју во кое шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин кој минатата недела настрада во авионска несреќа, рече дека повеќе би сакал да биде убиен отколку да ја лаже својата земја и зборува за авион кој се распаѓа на небото, поттикна лавина шпекулации и теории поврзани за неговата смрт.

Како што потсетува Ројтерс, руското воено воздухопловство вчера соопшти дека шефот на групата Вагнер бил во приватен авион кој во средата се урна северозападно од Москва.Во несреќата нема преживеани.






Авионот се урна точно два месеци по неуспешниот бунт на Пригожин против руското воено раководство.

Кремљ ги негираше сугестиите на Западот дека ја наредил смртта на Пригожин и ги опиша како „апсолутна лага“.

Во снимката, преземена од интервјуто со рускиот воен блогер Семјон Пегов, првично објавено на 29 април, Пригожин рече дека Русија е на работ на катастрофа бидејќи естаблишментот постепено ги отстранува тие што ја зборуваат вистината и кои одбиваа да го послушаат високото раководство.

– Денес дојдовме до точка на вриење. Зошто зборувам толку искрено? Затоа што немам право да ги лажам тие луѓе кои ќе продолжат да живеат во оваа земја. Сега ги лажат. Подобро да ме убиете. Но, нема да лажам, морам искрено да кажам дека Русија е на работ на катастрофа. И ако овие запченици не се подесат денеска, тогаш авионот ќе се распадне во воздухот “ – вели Пригожин во видеото.

По објавата на видеото на Телеграм, на социјалните мрежи се појавија стотици коментари. Некои тврдат дека шефот на Вагнер знаел што ќе се случи, други пак шпекулираат дека Пригожин е жив, а неговата смрт е лажирана.

За потсетување, руските власти вчера соопштија дека врз основа на ДНК анализата на телата во остатоците од авионот, било утврдено дека меѓу 10-те жртви е и шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин. Пронајдена е и црна кутија.

Истражниот комитет наведува дека идентитетот на сите 10 жртви е откриен и одговара на списокот на патници.

Поврзани содржини