ПРИГОЖИН И МРТОВ ЈА ПЛАШИ МОСКВА Таен погреб поради страв од култот на платеничкиот лидер

Во извештајот на ISW се вели дека високи претставници на Кремљ и ФСБ се состанале за да спречат каква било можност за јавен протест. Се додава дека голем број руски воени блогери исто така изјавиле дека немањето информации за погребот најверојатно е обид на Москва да го тргне целиот случај од очите на јавноста.

618

Институтот за проучување на војната (ISW) вели дека Кремљ и понатаму е загрижен поради постхумното влијание на шефот на платеничката група Вагнер, Евгениј Пригожин. Во анализата ISW наведува повеќе руски весници, вклучително и „Москва тајмс“ кои го пренесуваат мислењето на неколку извори од безбедносните служби. Тие тврдат дека Кремљ намерно го чувал во тајност погребот на Пригожин за да не направи од него маченик.

Во извештајот на ISW се вели дека високи претставници на Кремљ и ФСБ се состанале за да спречат каква било можност за јавен протест. Се додава дека голем број руски воени блогери исто така изјавиле дека немањето информации за погребот најверојатно е обид на Москва да го тргне целиот случај од очите на јавноста.






Во руските медиуми се појавија многу малку извештаи за погребот на Пригожин, а објавените информации често беа збунувачки и контрадикторни како што се разни објави во кои се наведува различна локација на погребот. ISW смета дека ваквите наводи во медиумите не биле обична случајност, пренесува Sky News.

Поврзани содржини