ПРИГОЖИН ЌЕ БИДЕ ПОГРЕБАН ВО САНКТ ПЕТЕРБУРГ Путин не оди на погребот
Авионската несреќа во која загина шефот на Вагнер, се случи точно два месеци откако Пригожин и неговите платеници започнаа бунт против воениот врв во Кремљ.
Голем број членови на безбедносните сили се забележани како ги чуваат гробишта во Санкт Петербург, а во јавноста се шпекулира дека погребот на Евгениј Пригожин би можел да се одржи денеска.
Рускиот претседател Владимир Путин не планира да присуствува на погребот на Пригожин, кој загина при падот на неговиот авион минатата недела, соопшти денеска Кремљ.
„Присуството на претседателот не е предвидено“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков за новинарите на прашањето дали Путин ќе присуствува.
Песков рече дека Кремљ нема конкретни информации за погребот организиран од семејството.
Авионската несреќа се случи точно два месеци откако Пригожин и неговите платеници од воената група Вагнер започнаа бунт против воениот врв во Кремљ, преземајќи ја контролата врз јужниот руски град Ростов и напредувајќи кон Москва пред да се вратат назад кога беа на 200 километри од главниот град.
Инспекторите во неделата соопштија дека генетските тестови потврдиле дека Пригожин бил меѓу 10-те луѓе кои загинале во авионот. Кремљ ја отфрли како „апсолутна лага“ сугестијата на некои западни политичари и коментатори дека Путин наредил да биде убиен Пригожин како одмазда за бунтот.