ПРИФАТИЛ ПРЕДИЗВИК НА ТИК-ТОК И СЕ ОТРУЛ СО АПЧИЊА! Тинејџер во Охајо испил 14 таблети „бенадрил“ и починал

Предизвикот се состоел во тоа тинејџерите да испијат што повеќе од лекот што предизвикува халуцинации, а потоа го раскажувале своето искуство.

361

Тинејџер од Охајо почина откако испи 14 таблети од лекот против алергија „бенадрил“ учествувајќи во тн. предизвик на социјалната мрежа Тик-ток, пишуваат американски медиуми.

Телото на Џејкоб Стивенс почнало да се грчи откако 13-годишното момче проголтало големо количество од лекот за алергија додека неговите пријатели снимале за да видат што ќе се случи.






Бенадрил предизвик“ на Тик-ток ги повикува тинејџерите да голтаат таблети „бенадрил“, кој предизвикува халуцинации, а потоа објавуваат видеа од нивното искуство на социјалните мрежи.

Џејкоб итно бил префрлен во болница бидејќи неговото тело почнало да откажува, а неговото семејство се согласило да биде исклучен од апаратите за одржување откако поминал шест дена во кличичка смрт, без мозочна активност.

– Тоа беше премногу за неговото тело. По скенирањето на мозокот немаше ништо. Тие рекоа дека можеме да го држиме на машина, може да лежи – но никогаш нема да ги отвори очите, никогаш нема да дише, да се смее, да оди или да зборува – изјави таткото Џастин Стивенс за Еј-би-си 6.

Таткото вели дека ќе се посвети на предупредување на младите и нивните родители за опасностите што се шират на социјалните мрежи. Тој самиот објави фотографии од Џејкоб на апарати за одржување во живот во болницата, за да ја прошири свеста.

– Ќе направам сè што можам за да не се случува некои други деца и родители да поминуваат низ истото – вели таткото на Џејкоб.

Поврзани содржини