БИ ПРИФАТИЛ ДА БИДЕ МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО, АМА НЕ ГО ОСТАВА ФОНДОТ НА ЦЕДИЛО Клековски не сака импровизации во здравствениот систем
Владата има премиер кој го составува владиниот тим. Јас се чувствувам комплетно продуктивно и посветено во Фондот каде има многу работа. Ќе бидам отворен за разговор, зависно од потребите, изјави директорот на ФЗО, Сашо Клековски.
Директорот на ФЗО Сашо Клековски би прифатил да биде министер за здравство, но, како што рече денеска, со соодветна замена во Фондот за здравствено осигурување.
Тој ќе биде отворен за разговор зависно од потребите, а какви било рокади, напомена, мора да предвидуваат комплетно решевање на кадровската екипираност во секторот здравство.
– Владата има премиер кој го составува владиниот тим. Јас се чувствувам комплетно продуктивно и посветено во Фондот каде има многу работа. Ќе бидам отворен за разговор, зависно од потребите. Но, повторно ќе кажам, во ФЗО има многу што да се работи, така што какви било рокади мора да предвидуваат комплетно решевање на кадровската екипираност во секторот здравство – истакна Клековски, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата за повредените во трагедијата во Кочани.
Ресорот здравство го водеше Арбен Таравари кој минатата недела поднесе оставка од министерската функција.