ПРИДАВКАТА „МАКЕДОНСКИ“ ЈА ИМА СЕКАДЕ НА САЕМОТ Владата ги отфрла обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за промотивните материјали

ВМРО-ДПМНЕ претходно ја обвини Владата дека среде криза троши 400 илјади евра за промоција на саемот за вино, храна и туризам и праша дали наместо да се доделат пари на агенцијата „Рејтинг“, работата не можеле да ја завршат владините служби за многу помалку пари.

488

Придавката „македонски“, ја има секаде во промотивниот материјал за саемот кој се дистрибуира на повеќе јазици, а буџетот покрај за рекламите, според објаснувањето оттаму, е наменет и за „Македонската вечер“ што ќе се организира во Белград, како и за еднодневниот фестивал закажан за 7 септември во Струмица, посочуваат од Владата за 360степени.

ВМРО-ДПМНЕ претходно ја обвини Владата дека среде криза троши 400 илјади евра за промоција на саемот за вино, храна и туризам и праша дали наместо да се доделат пари на агенцијата „Рејтинг“, работата не можеле да ја завршат владините служби за многу помалку пари. Исто така, опозицијата тврдеше дека власта забранува во промотивниот материјал да се користат зборовите „Македонија“ и „македонско“.






Вредноста на договорите со агенцијата „Рејтинг“ е 4.546.540 денари (речиси 74.000 евра) односно 19 171 548 денари (околу 310.000 евра) или вкупно 23.718.088 денари (околу 385.000 евра), открива З60степени цитирајќи го сајтот за јавни набавки.

Поврзани содржини