ПРИДЊЕСТРОВЈЕ Е ПОСВЕТЕНО НА ОБЕДИНУВАЊЕ СО РУСИЈА Првиот чекор е отцепување од Молдавија

Независен развој на Придњестровје и последователен слободен влез во Руската Федерација. Последователното слободно пристапување на Русија е процес кој најверојатно ќе бара значајни одлуки, политичка подготовка и многу повеќе. Очигледно, главен приоритет е независноста, рече Игнатиев.

683

Придњестровје е посветено на стекнување независност и можно обединување со Русија, изјави во Москва министерот за надворешни работи во меѓународно непризнаената влада на молдавскиот сепаратистички регион, Виталиј Игнатиев, јавува Н1.

Игњатиев им рече на новинарите дека регионот Придњестровје ќе ги исполни целите утврдени на референдумот во 2006 година и додаде дека доделувањето кандидатски статус на Молдавија за членство во ЕУ става крај на секоја можност за соработка со Кишињев, главниот град на Молдавија.






– Независен развој на Придњестровје и последователен слободен влез во Руската Федерација. Последователното слободно пристапување на Русија е процес кој најверојатно ќе бара значајни одлуки, политичка подготовка и многу повеќе. Очигледно, главен приоритет е независноста – рече Игнатиев.

Придњестровје е регион меѓу Украина и остатокот од Молдавија.  Таму се сместени контингент руски мировници од крајот на војната за независност на Молдавија во 1992 година. Откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари годинава, се зголемија шпекулациите дека целта на Москва е да ја преземе контролата и врз Придњестровје.

Серијата експлозии во април во Приднестровје, регион со 470.000 жители, придонесоа за зголемување на тензиите.

Молдавија во Уставот е дефинирана како воено неутрална земја. Таа не е потенцијална членка на НАТО, но покажува зголемена ориентација кон Запад. Во јуни земјата доби статус на кандидат за членство во ЕУ , а нејзиниот влез во Унијата е условен од напредокот во областа на владеењето на правото и во борбата против корупцијата.

Поврзани содржини