ПРИЈАВИТЕ ЗА БОМБИ СЕ ЛАЖНИ Полицијата извршила проверки

Закани за наводно поставена експлозивна направа добиле 86 училишта, една градинка и Завод за рехабилитација во Скопје, како и едно училиште во Прилеп.

40

Министерството за внатрешни работи известува дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави по добиените пораки на електронски адреси со закана за наводно поставена експлозивна направа во 86 училишта, една градинка и Завод за рехабилитација во Скопје, како и едно училиште во Прилеп.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од антитерористички тимови и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“ – се вели во информацијата од МВР.

Поврзани содржини