ПРИЈАВИТЕ ПРОТИВ МЕНЕ СЕ ПРИТИСОК ОД УРБАНАТА МАФИЈА Им пречи што не дозволувам хаос и го штитам јавниот интерес, вели Максим Димитриевски
Сите активности од моја страна се преземени согласно законот. Јас наоѓам фактичка состојба и мора да постапувам и камо среќа да се случи да бидам обвинуван за вакви дела кадешто го штитам јавниот интерес и не дозволувам во градот да се создава урбан хаос – рече Димитриевски во настап на ТВ Телма.
Како градоначалник на Општина Куманово од првиот мој ден се борам со урбаниот хаос којшто е создаден во градот и наидувам на сериозни потешкотии, а дел од тоа се и кривичните пријави како оваа последната, кадешто јас го штитам јавниот интерес и не дозволувам во градот да се создава урбан хаос со вакви градби – рече Максим Димитриевски, претседател на Движењето ЗНАМ и негов кандидат за претседател на државата на претстојните избори во емисијата Вин Вин на Телма.
Во однос на кривичната пријава за злоупотреба на службена должност и овластување Димитриевски појасни:
– Видете, не ме изненадува оваа кривична пријава, не знам веќе која по ред ми е. Секогаш во избори, пред избори, во кампањи. Јас се соочувам со вакви постапки и ова е еден во низата обиди на актуелната политичка гарнитура којашто владее со државата, повторно да се обиде да изврши притисок и тоа воопшто не ме обесхрабрува. Јас сум човек којшто од првиот мој ден како Градоначалник работам исклучиво по закон, а така планирам да работам и доколку бидам избран за Претседател на државата. Кога имате постапка кадешто ви се обраќаат јавни институции како на орган на локална самоуправа, во овој случај гимназијата „Гоце Делчев“ кадешто учат голем број ученици, и дополително школска амбуланта преку Здравствен дом, и бараат од вас како орган на локална самоуправа да го штитите јавниот интерес, тогаш нема двоумење – јас сум должен да постапам. Сите активности од моја страна се преземени согласно законот. Јас наоѓам фактичка состојба и мора да постапувам и камо среќа да се случи да бидам обвинуван за вакви дела кадешто го штитам јавниот интерес и не дозволувам во градот да се создава урбан хаос со вакви градби. Јас како градоначалник на Општина Куманово од првиот мој ден се борам со урбаниот хаос којшто е создаден во градот и наидувам на сериозни потешкотии“ – рече Димитриевски.