Пријави се на Sinalco PES Balkan лига и играј за фонд од 5.000 евра!
Шест репрезентации од регионот кои ќе бидат составени од по двајца натпреварувачи, ќе се борат за наградниот фонд од 5.000 евра и титулата регионален PES шампион.
По успешно одржаните две сезони досега, Македонија и оваа година ќе учествува во најголемата Балканска лига за eFootball и Esports, Sinalco Balkan PES 2021.
Покрај Македонија, на официјалното натпреварување eFootball PES ќе учествуаат и Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија.
Лигата на Sinalco се враќа на малите екрани од 3. мај, а сите натпревари ќе се пренесуваат во живо на YouTube каналот Fortuna Esports, како и на ТВ каналот Sport Klub Esports од 03.05. до 27.06 кога ќе се игра и големото финале.
Шест репрезентации од регионот кои ќе бидат составени од по двајца натпреварувачи, ќе се борат за наградниот фонд од 5.000 евра и титулата регионален PES шампион.
Квалификациите за третата сезона на Sinalco PES лигата ќе се одржат преку интернет, на 13-ти март (групна фаза) и 14-ти март (плеј-оф), додека финалните 4 (F4) се закажани за 20-ти март 2021.
Играчите кои ќе се квалификуваат на Sinalco PES лигата, ќе заминат за Белград каде ќе се играат натпреварите помеѓу земјите учеснички.
Пријавувањето за квалификациите трае до 10-ти март!
Претстави ја Македонија, пријави се на: sinalcopesleague.com