ПРИЈАВИ ДУПКА ВО ТВОЕТО МААЛО Општина Центар со повик до граѓаните

Граѓаните кои сакаат да пријават тоа можат да го направат јавувајќи се на телефонскиот број 076381673 или преку e-mail адресата: [email protected].

104

Општина Центар започнува со санација на оштетени улици односно на т.н „ударни дупки“ во сите населби на општината.

Во изминатиот период, службите на локалната самоуправа, евидентираа неколку точки на чии локации постојат видливи оштетувања на инфраструктурата кои во следниот период ќе бидат асфалтирани.






Поради поголема успешност на оваа акција, Општина Центар ги повикува и граѓаните со уредно наведување на точната локација и број на улицата, да пријават ударни дупки на територијата на Општина Центар. Граѓаните кои сакаат да пријават тоа можат да го направат јавувајќи се на телефонскиот број 076381673 или преку e-mail адресата: [email protected].

Општина Центар оваа акција ја презема со цел да се овозможи безбедно движење на граѓаните, велосипедите и моторните возила.

Поврзани содржини