ПРИЈАВЕТЕ СЕ ЗА ЕВАКУАЦИЈА ОД ОАЕ Амбасадата во Абу Даби организира комерцијален лет

Амбасадата во Абу Даби соопшти дека сите македонски граѓани кои сакаат да се вратат дома треба да стапат во контакт за организација на комерцијален лет поради актуелната нестабилна безбедносна ситуација во регионот.

565

Министерството за надворешни работи соопшти дека Амбасадата на Македонија во Абу Даби активно работи на организирање комерцијален лет за евакуација на македонските државјани, поради актуелната несигурна ситуација во регионот.

Граѓаните кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, се повикуваат да стапат во контакт со Амбасадата што побрзо на телефон +971 56 441 7532 или преку е-маил [email protected].






– Безбедноста на македонските државјани е наш највисок приоритет. Пријавените лица ќе бидат навремено информирани за сите детали и услови за безбедна евакуација – велат од Министерството.

Амбасадата и локалните власти во Обединетите Арапски Емирати координираат секој чекор за да се осигура безбедно и организирано враќање на македонските граѓани дома.

473 МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ПОБАРАЛЕ ЕВАКУАЦИЈА ОД ЕМИРАТИТЕ, КАТАР И ОД ИЗРАЕЛ Сè уште нема услови да бидат извлечени

Поврзани содржини