ПРИЈАВЕТЕ ПУКНАТИНИ НА ЅИДОВИТЕ Општина Битола ќе формира комисија за надомест на штетите од земјотресот

Сакам да ги известам граѓаните дека на Советот на Општина Битола ќе му предложам дополнителна точка на дневен ред за формирање комисија за надомест на штетите од земјотресот, најави градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

899

На Советот на Општина Битола ќе му предложам точка за формирање на комисија за надомест на штетите од земјотресот, напиша на Фејсбук битолскиот градоначалник Тони Коњановски, откако синоќешниот силен потрес оштети неколку висококатници.

„Поголеми штети се забележани во повеќе делови на градот каде што доминираат висококатници. Затоа, сакам да ги известам граѓаните дека на Советот на Општина Битола ќе му предложам дополнителна точка на дневен ред за формирање комисија за надомест на штетите од земјотресот“, напиша Коњановски на Фејсбук.






Инаку, земјотресот се случи во 22:43 часот и беше со јачина од 5,5 степени според Рихтер. Епицентарот беше во соседна Грција, во близина на границата со Македонија.

Земјотресот беше почувствуван и во Македонија со силен интензитет, а најмногу ги вознемири жителите на Ресен, Охрид, Прилеп и Корча во Албанија.

Епицентарот е на 137 километри јужно од Скопје, а земјотресот е почувствуван и на Косово.

Поврзани содржини