ПРИЈАВЕТЕ БОРБИ СО КУЧИЊА, АКО ВИДИТЕ! Охридската полиција сака да им влезе во трага на организаторите
Подолг временски период, во СВР Охрид нема официјално доставена пријава за борба со кучиња – велат од полиција.
На 23 и 24.11.2023 годин реализиравме дополнителни контроли на целото подрачје, со цел пронаоѓање и санкционирање на лица организатори на борби со кучиња или други слични активности, што се во спротивност со Законот за заштита и благосостојба на животните, соопшти СВР Охрид.
„Тим од полициски службеници, во Охрид, Струга, Кичево и Дебар, извршија обиколки и преглед на одредени локации во периферните региони со отежнат пристап, на авто-кампови како и на повеќе приватни имоти.
Извршени се разговори со нивните сопственици како и со лица кои, на посебно оградени простори, чуваат кучиња, чии фотографии се објавувани по социјалните мрежи како организатори на борби со кучиња.
Остварени се контакти со претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство, од ветеринарните амбуланти на подрачјето како и со инспектор за ветеринарство за што, известен е јавен обвинител. Инаку, според Законот за заштита и благосостојба на животните, забранета е вклученост, поттикнување, организирање, рекламирање, одржување и обложување на борби со животни, за какви било намени.
Подолг временски период, во СВР Охрид нема официјално доставена пријава за борба со кучиња, но апелираме до граѓаните доколку забележат ваква појава, да пријават во најблиската полициска станица“ – се вели во соопштението на охридската полиција.