Пријавени еден куп тепачки, биле нападнати и двајца полицајци

Направил сообраќајка и завршил во болница, а требал да биде во изолација!

865

НАМЕСТО ВО ИЗОЛАЦИЈА, НАПРАВИЛ СООБРАЌАЈКА И СЕ ЗДОБИЛ СО ПОВРЕДИ – СВР Штип поднесе кривична пријава против Б.Д.(32) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 06.12.2020, пријавениот бил затекнат во ЈЗУ Клиничка болница Штип, каде му се укажувала лекарска помош како учесник во сообраќајна незгода која се случила истиот ден кај с.Таринци. Притоа било констатирано дека Б.Д. не го почитувал Решението за изолација во домашни услови.

ПРОДАВАЛ ЛАЖНИ ЛЕКОВИ – СВР Штип поднесе кривична пријава против Т.К.(48) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и пуштање во промет штетни средства за лекување“. На 06.11.2020, пријавениот на Т.М.(45) и М.А.(36) од Штип им продал средство за лекување на кожни болести, кое било штетно по нивното здравје.






ШТИПЈАНЕЦ НАПАДНАТ 5 МИНУТИ ПО ПОЛНОЌ – На 01.01.2021 во 00.05 часот во СВР Штип било пријавено дека во Штип, Б.П.(27) од Кавадарци бил физички нападнат од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

НАПАДНАЛ ПОЛИЦАЕЦ И ЗАВРШИЛ ВО ПРИТВОР – На 01.01.2021 во 00.05 часот пред угостителски објект во Велес бил лишен од слобода Ј.Т.(27) од Велес, бидејќи агресивно се однесувал кон полициски службеници и физички нападнал еден од нив. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ПРЕД КАЗИНО НАПАДНАЛ ПОЛИЦАЕЦ – На 31.12.2020 во 17.30 часот во Одделението за внатрешни работи Прилеп било пријавено дека во 16.45 часот пред казино во Прилеп полициски службеник бил физички нападнат од Е.Д. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

МАЖ ИСЧЕЗНАЛ ВО АЕРОДРОМ – На 31.12.2020 во 21.30 часот во Полициска станица Аеродром, А.В.(44) од Скопје пријавила дека од дома се оддалечил нејзиниот сопруг У.Ф.(45). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

ДВАЈЦА СОСЕДИ СЕ СТЕПАЛЕ ВО СОЊЕ – На 31.12.2020 во 16.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во место викано „Под брег“ во с.Горно Соње, Н.П.(52) и Т.Г.(40), двајцата од Скопје го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. Претходно, Н.П. и Б.Г.(38) од Скопје започнале вербална расправија поради нерасчистени имотно-правни односи, при што Н.П. со тврд предмет физички го нападнал Б.Г. Сочинет е записник за констатиран прекршок чл.11 од ЗППЈРМ.

СЕ СУДРИЛЕ ПРЕД СТАРА ГРАДСКА БОЛНИЦА – На 01.01.2020 во 05.00 часот било пријавено дека во Скопје, на крстосницата од улиците „11 Октомври“, „Даме Груев“ и „Филип Втори Македонски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел корса“, управувано од Е.И.(31) од Скопје и патничко возило „пежо 508“, управувано од К.П.(24) од Скопје, и двете со скопски регистарски ознаки. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „опел корса“ Ѓ.И.(55) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле возачот и сопатничката од истото возило Е.И.(23) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

МАЛОЛЕТНИЦИ СЕ ТЕПАЛЕ ВО КАДИНО – На 31.12.2020 во 09.00 часот во СВР Скопје, Г.С.(35) од с.Кадино, скопско, пријавила дека на 25.12.2020 околу 21.45 часот пред бензинска пумпа во с.Кадино, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник од с.Марино. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ЖИТЕЛ НА ЗЕЛЕНИКОВО ПРОНАЈДЕН ПОЧИНАТ – На 31.12.2020 во 12.12 часот во Полициска станица Драчево било пријавено дека Г.Б.(45) од с.Зелениково, скопско, бил пронајден починат. Од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.

ГО НАПАДНАЛЕ ВО КАЗИНО – На 31.12.2020 во 18.30 часот во СВР Скопје, Д.Ц.(22) од Скопје пријавил дека околу 18.00 часот во казино во нас.„Илинден“ бил физички нападнат од С.М.(25) од Скопје. Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл. 12 од ЗППЈРМ.

ПРЕД КАФАНА ДОБИЛ ЌОТЕК – На 31.12.2020 во 19.25 часот во Полициска станица Крива Паланка, С.Д.(30) од Крива Паланка пријавил дека околу 17.45 часот пред угостителски објект во Крива Паланка бил физички нападнат од Д.С. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ИСЧЕЗНАЛА НЕВЕНЧАНА СОПРУГА – На 31.12.2020 во 09.30 часот во СВР Куманово, Б.С.(28) од Куманово, пријавил дека од домот се оддалечила неговата невенчана сопруга Д.С.(22). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

ПРИЈАВИЛЕ ДЕКА БИЛЕ ТЕПАНИ – На 31.12.2020 во 22.30 часот во СВР Струмица, Г.М.(41) од с.Сачево пријавил дека тој, неговата сопруга и неговиот татко Т.М. биле физички нападнати од И.М. и С.М.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ЧЕТВОРИЦА РАДОВИШАНИ СЕ СТЕПАЛЕ МЕЃУ СЕБЕ – На 01.01.2021 околу 05.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека во близина на Јавна здравствена установа во Радовиш бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.М. и Ј.М., од една страна, и А.Д. и Џ.У. од друга страна. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ДЕВОЈЧЕ ОД СКОПЈЕ ПРИЈАВЕНО ЗА ИСЧЕЗНАТО – На 31.12.2020 во 01.30 часот во Полициска станица Гази Баба, А.Џ.(38) од Скопје, пријавил дека неговата ќерка А.Џ.(16) се оддалечила од домот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Поврзани содржини