ПРИЈАВАТА ЗА БОМБА ВО НБМ Е ЛАЖНА Безбедноста не е загрозена, оцени МВР

Единицата за антитероризам при Бирото за јавна безбедност ги направи потребните проверки и утврди дека станува збор за лажна пријава, информира МВР.

83

 Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека e лажна пријавата за наводно поставена бомба во зградата на НБРСМ во Скопје. Благодарение на воспоставените протоколи за безбедност од изминатата година за институциите, а кои и НБРСМ ги имплементира, безбедноста е загарантирана со висок степен, соопштија од МВР.

„Денеска (13.01.2024) по добиена пријава за наводно поставена бомба, од страна на Единицата за антитероризам при Бирото за јавна безбедност се направени потребните проверки и утврдено е дека станува збор за лажна пријава. Апелираме до граѓаните да не се вознемируваат. Институциите имаат обврска да ги следат и имплементираат мерките на Владата во целост и на тој начин да ја засилат безбедноста на своите објекти“, се вели во соопштението.






Инаку, на терен можеше да се видат повеќе возила на полицијата и полициски службеници.

 

Поврзани содржини