ПРИЈАВА ЗА ЛИЦЕТО КОЕ МАЧЕШЕ КУЧЕ ВРЗАНО ЗА АВТОМОБИЛ Полицијата го санкционираше 59-годишниот жител на Крива Паланка
Лицето било повикано на службен разговор вчера во 14:45 во ОВР Крива Паланка. По преземените мерки и целосно документирање на случајот, против З.М. е поднесена соодветна пријава за стореното дело.
59-годишниот З.М. од Крива Паланка заработи пријава откако на социјалните мрежи се појавија фотографии како влече куче врзано за автомобил.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на магистралниот пат од селото Жидилово кон Крива Паланка, лицето управувало патничко моторно возило марка „Фиат Панда“ на кое било врзано куче што го влечел по патот.
Лицето било повикано на службен разговор вчера во 14:45 во ОВР Крива Паланка. По преземените мерки и целосно документирање на случајот, против З.М. е поднесена соодветна пријава за стореното дело.