ПРИЈАТЕН ТОПОЛ ДЕН, СО МАЛА ОБЛАЧНОСТ Следуваат убави последни денови од летото
Во Скопје утре времето ќе биде претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер.
Времето утре ќе биде сончево со мала облачност, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Во Берово ќе има студено утро со температура од само 7 степени. Најтопло ќе биде во Гевгелија, со максимална температура од 36 степени.

Во Скопје утре времето ќе биде претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер.
Температурата ќе се движи од 15 до 35 степени.
Ввремето во следните денови ќе бде стабилно и пријатно.
Под влијание на висок воздушен притисок во следните денови ќе преовладува претежно сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во деновите од викендот ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен северен ветер.
