ПРИЈАТЕН ДЕН ЗА ПРОШЕТКИ Променливо облачно и сончево, со слаб ветер
Најстудено ќе биде во Маврово, каде утринската температура ќе се спушти до минус 4, а најтопло во Гевгелија, со дневна температура до 16 степени Целзиусови.
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Најстудено ќе биде во Маврово, каде утринската температура ќе се спушти до минус 4, а најтопло во Гевгелија, со дневна температура до 16 степени Целзиусови.

Следува период на променливо облачно време.
Во деновите од викендов ќе се задржи стабилно и суво, а во почетокот на новата седмица ќе има услови за повремени локални врнежи од дожд.
