ПРИЈАТЕЛОТ НА БРУС ВИЛИС ОТКРИ ТАЖНИ ДЕТАЛИ Актерот знае кој си само во првите три минути, не зборува

Пријателот на холивудскиот актер Брус Вилис, Глен Гордон Карон, ја откри тажната состојба на актерот откако Вилис се повлече од актерството поради мозочно нарушување наречено афазија.

1,456

Пријателот на холивудскиот актер Брус Вилис, Глен Гордон Карон, ја откри тажната состојба на актерот откако Вилис се повлече од актерството поради мозочно нарушување наречено афазија, а подоцна беше откриено дека боледува од деменција.

Откако го посетил, Глен ја откри вистинската состојба на актерот во интервју за „Пејџ сикс“, а деталите растажија многумина.






„Моето чувство е дека знае кој сум јас само во првите три минути од разговорот. Тој повеќе не зборува, порано беше страствен читател, но сега се откажа од тоа“, рекол тој и додал: „Сите тие јазични вештини повеќе не му се достапни. Кога сте со него знаете дека е Брус и сте благодарни што е таму, но повеќе нема радост на живеење во него“.

Да потсетиме, на актерот во март минатата година му беше дијагностицирана афазија, нарушување на мозокот што влијае на способноста за ефективно комуницирање, а во февруари оваа година му беше дијагностицирана фронтотемпорална деменција (ФТД).

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини