ПРЕЖИВЕАНИТЕ СЕ ДОБРО НО СЕ ДРЖАТ ВО ИЗОЛАЦИЈА Роднините чекаат пред болница

Али Селмани, роднината на четворица преживеани додава дека, докторите ги информирале дека се добро, но не им дозволувале да ги видат.

523

Еден од роднините на четворица од преживеаните, во изјава за медиумите бара од надлежните институции што побрзо да завршат сите процедурални работи во врска со телата, но и трансферот на преживеаните на скопските клиники.

Али Селмани, роднината на четворица преживеани додава дека, докторите ги информирале дека се добро, но не им дозволувале да ги видат.

„Дојдовме поддршка да им дадеме на преживеаните, од вчера сме тука, но ги нема… Немаме увид, не можеме да ги видиме. Ни кажуваат докторите дека тие се добро, во траума се, но вака не ги имаме видено“, вели тој.

Поврзани содржини