Преживеала две војни, па го победи коронавирусот: Баба од 104 години симбол на надеж во Италија

530

Старица од северна Италија која треба да го прослави својот 104 роденден во август, го победи ковид-19 предизвикан од новиот коронавирус, објави италијанскиот весник „Ла Република“.

Ада Занусо се разболела на почетокот на март во Домот за нега на стари лица „Марија Грација“ во провинцијата Биела, на околу 100 километри западно од Милано.






Во истиот дом, 21 други штитеници потклекнаа на ковид-19, пренесува „Ла Република“.

– Некој горе заборави на мене – рече Занусо.

– Беше лошо во почетокот на март. Таа имаше треска и повраќаше. Не можев да ја најдам затоа што посетите беа забранети поради пандемијата, но можев да разговарам со неа секој ден. Се разбира, веднаш се сомневав дека може да биде коронавирус, затоа што веќе имаше неколку инфекции во старечкиот дом – рекол нејзиниот син Џампиеро.

Нејзиниот син Џампиеро, кој ја контактирал преку видеоповик, вели дека сè уште чита без очила, е љубопитна и постојано сака да знае што прават.

Поврзани содржини