„ПРЕЗЕМАМЕ МЕРКИ, НЕМА ОПРАВДУВАЊЕ ЗА НАПАДИТЕ ВРЗ ИРАН“ Путин вели дека ќе му помогне на иранскиот народ

Нема основа и нема оправдување, рече рускиот претседател за американските напади врз Иран велејќи дека Русија презема мерки за да му помогне на иранскиот народ во услови на ескалација на Блискиот Исток.

2,238

Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека американските воздушни напади врз Иран се „апсолутно неиспровоцирана агресија“ и додаде дека нема „никакво оправдување или основа“ за такви потези.

Путин го изјави ова во Москва за време на состанокот со иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, додека ескалацијата на конфликтот меѓу Иран, Израел и САД продолжува.






– Тоа е апсолутно неиспровоцирана агресија врз Иран. Нема основа и нема оправдување – рече рускиот претседател велејќи дека Русија презема мерки за да му помогне на иранскиот народ во услови на ескалација на Блискиот Исток.

Тој додаде дека ставот на Русија за актуелните настани веќе е јасно изразен и артикулиран од руското Министерство за надворешни работи.

– Имаме долгогодишни, добри и сигурни односи со Иран. Од наша страна, ние вложуваме напори да му помогнеме на иранскиот народ – рече рускиот претседател.

Русија е на вистинската страна од историјата во услови на нападите на САД и Израел врз Иран, рече Арагчи.

„Денес, Русија е на вистинската страна од историјата и меѓународното право“, рече иранскиот министер за надворешни работи.

Арагчи додаде дека Иран им се заблагодарил на своите руски пријатели за нивната „решителна осуда на агресивните дејствија“ против Исламската Република.

Путин, исто така, разговарал по телефон со ирачкиот премиер Мохамед ал-Судани, со кого зборувал за ситуацијата на Блискиот Исток, објави прес-службата на Кремљ.

 

Поврзани содржини