ПРЕВОЗНИЦИТЕ СИ ГИ БАРААТ ПАРИТЕ, ГРАЃАНИТЕ СИ ГИ ТЕНЧАТ НЕРВИТЕ Трет ден трае „опсадата“ на Скопје
Приватните превозници најавија дека протестот ќе трае сѐ додека ЈСП и Град Скопје не им го исплатат долгот.
Ако сте возач и ако треба со автомобил да извршите некоја обврска од едниот на другиот крај на Скопје, тогаш навистина ви се потребни силни нерви.
Оти, во главниот град, трет ден по ред, владее сообраќаен хаос.
Приватните превозници ги блокираа главните крстосници со своите автобуси и на тој начин се обидуваат да си ги добијат парите што наводно им ги должат Град Скопје и ЈСП.
Приватните превозници најавија дека протестот ќе трае сѐ додека ЈСП и Град Скопје не им го исплатат долгот.
Градоначалничката Данела Арсовска најави дека денеска ќе биде отворен јавен повик за нови превозници за линиите 20 и 22. Таа нагласи дека на овој повик нема да можат да се пријават превозниците од „Слобода превоз“ и од „Макекспрес“.
Во моментов блокирана е крстосницата кај Мавровка, кај Црвен крст и Илинденска на потегот од фонтаната во Градскиот парк до спортскиот центар „Борис Трајковски“.