Превозници не ги почитуваат мерките против ковид-19, полицаец лажел дека бил нападнат

Лице од Кочани пријавено дека се самозадоволувал паркиран со возилото до пријавителката.

663

ОДБИЛА ДА СТАПИ ВО БРАК, ПА И СЕ ЗАКАНУВАЛ СО ФОТОГРАФИИ – СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ш.И.(36) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “уцена“. Пријавениот, во временски период од 2019 до 2020 година, бил во љубовна врска со оштетената во кој период без нејзино знаење направил снимки со компромитирачка содржина, по што во април 2020 година, откако ја одбила неговата брачна понуда, истиот и се заканил дека ќе ги прати снимките на нејзините роднини и пријатели, праќајќи и притоа две снимки, заканувајќи се дека останатите јавно ќе ги објави на социјалните мрежи.

ТРИ ЛИЦА ОГРАБИЛЕ ПОСТАР СКОПЈАНЕЦ – На 26.08.2020 во 13,40 часот, било пријавено дека во Скопје на ул.„Васил Ѓорѓов“, три лица физички го нападнале Р.Ј.(74) од Скопје и му одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.






НАПАДНАТО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО РЕСТОРАН – СВР  Куманово поднесе кривична пријава против Р.Х. (57) и Х.Х. (19) двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “напад врз службено лице при вршење работа на безбедноста“. На 15.08.2020 во Куманово, во угостителски објект второпријавениот со дрвен предмет го нападнал Д.М. вработен во обезбедување, а потоа и првопријавениот го нападнал Д.М..

КРИВИЧНА ЗА НАВИВАЧОТ КОЈ НАПАДНА ПОЛИЦАЕЦ ВО СТРУГА – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Ѓ.Д.(21) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични  дела “спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“ и “напад врз службено лице во вршење работи од безбедноста“. На 16.08.2020, во Струга, на ул„ Владо Малески“, на спортски терен  при обезбедување на ракометен натпревар, полициски службеник од ОВР Струга, бил нападнат од Ѓ.Д. по што тој се дал во бегство, но потоа бил приведен во Полициската станица Струга.

ДВАЈЦА СТРУМИЧАНИ ОГРАБИЛЕ 23 МИГРАНТИ – На 26.08.2020 во 20,00 часот, во с.Банско, поради основано сомневање за сторено кривично дело “разбојништво“ над 23 странски државјани-мигранти од слобода се лишeни: А.З.(44), Е.З.(41) и З.Р.(33) сите од с.Банско. Имено тие од мигрантите одзеле ранец, 15 мобилни телефони и пари. Осомничените се задржани во Полициската станица Струмица. СВР-Струмица работи на целосно расчистување и  документирање на настанот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ПОЛИЦАЕЦ ПРИЈАВИЛ ЛАЖЕН НАПАД ВРЗ НЕГО – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Р.Р.(41) од Гостивар, вработен како полициски службеник во ОВР Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “насилство“ и “лажно пријавување на кривично дело“. На 15.08.2020 во Полициската станица Гостивар, Р.Р. лажно пријавил дека од страна на Л.Ш. (34) од с.Беловиште–гостиварско, врз него било извршено насилство иако всушност тој го нападнал.

ФАТЕНИ ДВАЈЦА ПАЛЕСТИНЦИ ВО ТЕТОВСКО – На 27.08.2020 околу 05,00 часот, во с.Старо Село-тетовско, вршејќи редовни активности, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Рогачево затекнале и привеле две лица, според нивното кажување од Палестина, кои не поседувале никакви документи за идентификација. Двете лица се  задржани во Полициската станица Тетово за натамошна постапка.

ОХРИЃАНЕЦ ЗАТАЈУВАЛ ДАНОК – СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.Ц. (72) од Струга и правно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “даночно затајување“. Првопријавената во периодот од 01.07.2019 – 30.09.2019 година, давала лажни податоци за своите приходи и приходите на правното лице на име на ДДВ и ПДВ со што за себе и за правното лице се стекнале со противправна имотна корист во износ од 828.020 денари, а на штета на Буџет на Република Северна Македонија

ОГРАБЕНА БАНКА ВО АЕРОДРОМ – На 26.08.2020 во 13,30 часот било пријавено дека во Скопје на бул.„Јане Сандански“, во банка едно лице со закана од вработените одзело пари. Се работи на расчистување на случајот.

УКРАЛ КАЈАК ОПРЕМА И ЈА ВПИШАЛ ВО НОВИОТ КЛУБ – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против И.М.(50) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични  дела “злоупотреба на службена положба и овластување и “узурпација на недвижности“. Во временски период од 2015 до 2019 година, на брегот на Охридското езеро, пријавениот присвоил опрема во сопственост на кајакарски клуб и кајакарска федерација на Република Северна Македонија и истите ги впишал на пописна листа на новоформиран клуб, а воедно узурпирал место покрај езерото, во државна сопственост.

ПИРОМАН ЗАПАЛИЛ ДВА ДЕКАРИ – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кратово поднесе кривична пријава против Д.Л.(28)  од с.Вакуф – кратовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “предизвикување општа опасност“. На 31.07.2020, во с.Вакуф – кратовско, пријавениот, со запалка, запалил сува трева со што предизвикал пожар на отворен простор кој се проширил и зафатил површина од околу два декари и околу 300 м2, во приватна и државна сопственост.

СЕ САМОЗАДОВОЛУВАЛ ПРЕД ПРИЈАВИТЕЛКАТА – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Ѓ.А.(30) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “задоволување на полови страсти пред друг“. На 13.08.2020 на ул,,Стамен Манов“, во Кочани, пријавениот откако ја забележал пријавителката, застанал со неговото возило до неа и се самозадоволувал.

ШЕТАЛ НИЗ СТРУГА ИАКО ИМАЛ ЗАБРАНА – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против А.А.(37) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 05.08.2020 во 16,30 часот, од полициски службеници при контрола на лица, на кои им било издадено решение од ДСЗИ  за здраствен надзор и домашна изолација, пријавениот не бил затекнат во неговиот дом.

КРИВИЧНА ЗА ПРЕВОЗ НА ПАТНИЦИ ПОВЕЌЕ ОД ДОЗВОЛЕНОТО – СВР Охрид поднесе кривична пријава против  Н.К.(28) од с.Лешани – Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25.06.2020 година, на магистралниот пат кај с.Подмоље, пријавениот, бил затекнат со патничко возило „фолксваген“ како превезува 21 патник, иако возилото било предвидено за превоз на девет патници, со што не ја почитувал Уредбата од Влада на Република Северна Македонија, за организирање на јавен превоз на патници за време на епидемија.

КАЗНА ЗА ПРЕВОЗ НА ПОВЕЌЕ ПАТНИЦИ – СВР Охрид поднесе кривична пријава против  В.М. (60) од Скопје и  правно лице од  Скопје, со седиште во Скопје, за сторено кривично дело“непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 15.07.2020, на магистралниот пат кај с.Подмоље, В.М. бил затекнат со автобус „сканиа“, сопственост на второпријавеното правно лице, како превезува 38 патници, со што не ја почитувал Уредбата од Влада на Република Северна Македонија, за организирање на јавен превоз на патници за време на епидемија.

СЕ НАЛУТИЛ НА БАНКАТА И ГО СКРШИЛ ПРОЗОРЕЦОТ – На 26.08.2020 во 04,40 часот, било пријавено дека во Гевгелија на ул.„Гевгелиски партизански одреди“,непознато лице со тврд предмет искршило стакло од прозорец на објектот-банка, но не одзело ништо. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани содржини