ПРЕВЕЗУВАЛ ОСУМ МИГРАНТИ ВО „МАЗДА 6“ Кавадарчанец приведен на излез од Гевгелија
Во возилото марка „мазда 6" со германски таблички најдени се осум мигранти од кои пет од Сирија, две од Авганистан и едно од Пакистан.
Четириесет и двегодишен кавадарчанец е приведен ноќеска на излез од Гевгелија бидејќи во возилото кое го управувал пронајдени се осум мигранти.
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека околу 01:15 часот на местото викано „Македонија пат” на излез од Гевгелија приведен е М.К. од Кавадарци. Во возилото марка „мазда 6″ со германски таблички најдени се осум мигранти од кои пет од Сирија, две од Авганистан и едно од Пакистан.
М.К. е приведен во полициска станица и во координација со јавен обвинител, по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.