ПРЕВЕЗУВАЛ 17 МИГРАНТИ НА ПАТОТ ДЕМИР КАПИЈА-НЕГОТИНО Кривична пријава за лице од Чучер Сандево
На 16.06.2021 на регионалниот пат Демир Капија – Неготино, пријавениот со патничко возило „цитроен џампер“ превезувал 17 лица мигранти, од кои 15 од Пакистан и двајца од Бангладеш, кои биле пронајдени при контролата, наведуваат од МВР.
Регионалниот центар за гранични работи Југ поднел кривична пријава против С.Р.(21) од с.Брест, општина Чучер Сандево, поради основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.
„На 16.06.2021 на регионалниот пат Демир Капија – Неготино, пријавениот со патничко возило „цитроен џампер“ превезувал 17 лица мигранти, од кои 15 од Пакистан и двајца од Бангладеш, кои биле пронајдени при контролата“, наведуваат од МВР.