ПРЕТСТОЈАТ КРИТИЧНИ ЧАСОВИ Колумбискиот претседателски кандидат кој преживеа атентат успешно е опериран

Полицијата уапси 15-годишен осомничен, кој испукал два куршума во главата на Урибе.

94

Колумбискиот претседателски кандидат Мигел Урибе, кој беше застрелан во главата за време на митинг во Богота, успешно е опериран по приемот во болница во критична состојба, соопшти градоначалникот на главниот град, Карлос Фернандо Галан.

– Мигел Урибе ја помина првата хируршка интервенција успешно – изјави Галан.






Тој додава дека 39-годишниот сенатор од партијата Демократски центар влегува во „критичните часови“ на закрепнување, кои ќе бидат клучни за неговиот живот.

Галан упати повик до властите „брзо да дејствуваат во истрагите, да ги пронајдат организаторите на ова злосторство и да ја гарантираат безбедноста на кандидатите пред изборите во 2026 година“.

– Сакам да го изразам моето најдлабоко осудување на овој обид за атентат врз сенаторот Мигел Урибе. Не можеме да се вратиме во ситуации на политичко насилство или во времиња кога се користеше насилство за елиминирање на оние кои мислеа поинаку – истакна  вели тој.
Урибе беше ранет за време на предизборен митинг во саботата во Богота. Видео кое беше објавено на социјалните мрежи го прикажува 39-годишниот политичар како држи говор на предизборен митинг во западниот дел од главниот град кога се слушнале истрели. Други снимки го прикажуваат како лежи на покривот од возилото, со тело покриено со крв.

Според информациите од болницата каде што бил пренесен Урибе, политичарот бил застрелан двапати во главата и еднаш во коленото.

Полицијата уапси 15-годишен осомничен, кој испукал два куршума во главата на Урибе.

Поврзани содржини