Народниот театар од Охрид и Центарот за култура „Григор Прличев“ на граѓаните ќе им овозможат да ги следат нивните театарски претстави, како дел од активностите да им се овозможи на вљубениците во театарот да ужива и во време кога физички не е дозволено да се играат претстави поради коронавирусот.
На линкот https://www.youtube.com/watch?
Од Центарот за култура „Григор Прличев“ во чии рамки работи и Охридскиот театар апелираат до граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита од коронавирусот и да не излегуваат од домовите без итни потреби.