Претседателски кандидат

Во договор со Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ, Плусинфо повремено ќе преобјавува делови од негови колумни објавени во дневниот весник „Дневник“. На тој начин, освен што ќе ги освежиме сеќавањата на овој исклучителен интелектуалец, сакаме да придонесеме и за активностите на Фондацијата која го продолжува неговото благородно дело.

1,309

РЕПРИНТ (Објавено во „Дневник“ на 11.09.1999 година)

На­ро­де! Во де­мок­рат­ска, плу­ра­лис­тич­ка Ма­ке­до­ни­ја, на че­ло со неј­зи­на­та по­бе­до­нос­на ВМРО-ДПМ­НЕ, се слу­чу­ва­ат вис­тин­ски чу­да (де­нес би рек­ле: про­ме­ни)! Ете, ду­ри и јас до­жи­ве­ав чес­т да про­мо­ви­ра­м ед­на кни­га! За да има прет­ста­ва чи­та­те­лот за дос­тре­лот на ова­а пла­не­тар­на про­ме­на, ќе на­по­ме­на­м де­ка во по­ра­неш­на­та (про­пад­на­та!) тран­зи­ци­ја (пре­од­ни­от пе­ри­од од ка­пи­та­ли­за­м во ко­му­ни­зам, што ни­е од ми­лос­т си го ви­кав­ме „со­ци­ја­ли­зам”) ни­ед­наш ни­кој не ме бе­ше по­ну­дил да про­го­во­ра­м за не­ко­ја но­ва кни­га, ду­ри ни да се ра­бо­те­ше за прак­ти­кум по пред­вој­нич­ка обу­ка.






Ни­ка­ко не ми бе­ше јас­но зош­то лу­ѓе­то тол­ку вни­ма­тел­но ме од­бег­ну­ваа, заш­то бев (и сѐ уш­те сум) го­ле­м љу­би­тел на кни­га­та, чи­та­м мно­гу, пре­ве­ду­ва­м по ма­лу и од гер­ман­ски и од францус­ки, а не мно­гу и од ан­глис­ки, са­ми­от на­пи­шав и об­ја­вив не­кол­ку кни­ги (иа­ко не до­жи­ве­ав не­кој да ми при­ре­ди про­мо­ци­ја). Кој знае, мо­же­би на лу­ѓе­то им бе­ше страв да не ре­ча­м за про­мо­ви­ра­ни­те кни­ги, ме­ѓу дру­го­то, и неш­то што на­вис­ти­на го мис­лам, а не е за ка­жу­ва­ње. А и то­а по­не­ко­гаш, во врска со не­ко­и дру­ги ра­бо­ти, ми се слу­чу­ва­ло!

Г. Љу­би­ша Ге­ор­ги­ев­ски очиг­лед­но не се пла­ше­ше од она што мо­жев да го ка­жа­м и љу­без­но ме по­ка­ни да збо­ру­ва­м за не­го­ва­та кни­га „Прет­се­да­тел­ски кан­ди­дат” во Штип. Ед­на ве­чер, неш­то пред пол­ноќ, му сед­нав (по­точ­но: му легнав, заш­то та­ка ми е по­у­доб­но чи­та­ње­то, си ја пуш­тив „Му­зи­ка­та на во­да” од ста­ри­от до­бар Хен­дел) и фа­тив да чи­там. Чи­тав це­ла но­ќ и не­ка­де око­лу осум ча­сот изут­ри­на бев го­тов со лек­ти­ра­та, па мо­жев да пој­да­м и да по­спи­ја­м троа.

По­фал­ба за ед­на кни­га е ве­ќе и са­мо­то то­а што чо­век ќе се фа­ти за не­а и не ја ис­пуш­та од ра­ка до­де­ка не дој­де до неј­зи­ни­от крај, па ма­кар ја за­гу­бил це­ла­та Бож­ја ноќ. Пре­ма­лен од неп­рос­пи­е­на­та ноќ, до­де­ка же­на ми тр­гну­ва­ше на ра­бо­та (а јас на спи­е­ње), имав уш­те са­мо тол­ку си­ла да ѝ ре­чам: „Не е важ­но за ко­го ќе ре­шиш да гла­саш, ама ова­а кни­га мо­ра да ја про­чи­таш: ќе ти би­де ми­ло што вол­ку ум­на кни­га на­пи­шал еден на­ши­нец!”.

Ме­не лич­но, кни­га­та на Љу­би­ша ми бе­ше прив­леч­на и по­ра­ди неш­то дру­го: кол­ку што по­ве­ќе се зад­ла­бо­чу­вав во неа, тол­ку по­ве­ќе се заг­ле­ду­вав во се­бе: та­а (и без не­го­ва жел­ба, и без не­го­ва на­ме­ра, без как­ва и да е не­го­ва по­мис­ла) збо­ру­ва­ше за ме­не (ток­му та­ка!), за мо­и­те по­ли­тич­ки идеи, за иде­и­те што ги зас­та­пу­вав пре­ку Ли­га­та за де­мок­ра­ти­ја. Та­ка и мо­ра­ше да слу­чи, на про­мо­ци­ја­та во Штип да нап­ра­ва­м им­про­ви­зи­ра­на па­ра­ле­ла по­ме­ѓу иде­и­те на ав­то­рот и прог­ра­мски­те оп­ре­дел­би на Ли­га­та за де­мок­ра­ти­ја. При­тоа, не зна­м што ми пра­ве­ше по­го­ле­мо за­до­вол­ство: фак­тот што ка­ко нас мис­ли еден Љу­би­ша Ге­ор­ги­ев­ски, ев­роп­ски еру­ди­т од го­ле­м маш­таб, или што ни­е во сво­и­те прог­ра­мски оп­ре­дел­би сме за­пи­ша­ле иде­и на ко­и тој ќе дој­де без во­оп­што да зна­е за на­ши­те.

Та­ка, ако мо­то­то на Ли­га­та за де­мок­ра­ти­ја на први­те сло­бод­ни из­бо­ри во Ма­ке­до­ни­ја бе­ше (и ос­та­ну­ва) „Ма­ке­до­ни­ја прис­тој­но мес­то за жи­ве­е­ње!”, ам­би­ци­ја­та на на­ши­от то­га­шен (и, ева!, ве­ќе не и се­га­шен) прет­се­да­тел­ски­от кан­ди­да­т Љу­би­ша Ге­ор­ги­ев­ски би­ла ис­то та­ка зем­ја­ва да се сто­ри прис­тој­но мес­то за жи­вот (стр. 18)! Ако ние, не ед­наш, по­ви­ку­вав­ме на на­ци­о­нал­но по­ми­ру­ва­ње на Ма­ке­донци­те (се раз­би­ра, не за­мис­лу­вај­ќи си го ка­ко Ди­ми­тар Ди­мит­ров & комп. да сме приз­на­е­ле оти сме Бу­га­ри по род, ис­то ка­ко што не­го­ви­те род­ни­ни во При­мор­ска Ма­ке­до­ни­ја мо­раа(т) да приз­на­ат де­ка се Гр­ци по род ако са­ка­ат да има­ат прис­тој­на жи­ве­ач­ка), та­а иде­ја чи­та­те­лот ќе ја срет­не во иден­ти­чен вид и кај Љу­би­ша Ге­ор­ги­ев­ски (стр. 17).

Не ми­на­а ни три ме­се­ци от­ка­ко фа­тив­ме да ја пра­ви­ме Ли­га­та за де­мок­ра­ти­ја, а не­кој (да не ре­ча­м кој!) ни ја за­ле­пи ети­ке­та­та за ели­ти­зам, алу­ди­рај­ќи на то­а што во прва­та ма­ке­дон­ска сло­бод­но фор­ми­ра­на (опо­зи­ци­о­на) пар­ти­ја вле­го­а глав­но прет­став­ни­ци на ма­ке­дон­ска­та ин­те­ли­генци­ја, лу­ѓе со дар­ба, со про­фе­си­ја, со обез­бе­де­на жи­ве­ач­ка, со ра­бот­ни на­ви­ки, на­ку­со – со си­те ни­ша­ни на асол­ни лу­ѓе. Ина­ку, за они­е што не зна­ат, збо­рот „ели­ти­зам” за вре­ме на ко­му­низ­мот има­ше приз­вук на пцост: на екс-ко­му­нис­ти­те (за­љу­бе­ни­ци во принци­пот на урам­ни­лов­ка) ниш­то не им бе­ше по­од­врат­но од ели­ти­зам. За­то­а сво­и­те нај­вер­ни кад­ри ги ба­ра­а и ги на­о­ѓа­а ме­ѓу ме­ди­ок­ри­те­ти­те! По­ло­ша од ели­ти­за­м бе­ше са­мо „гра­ѓан­ска­та дес­ни­ца”! Ни­е во Ли­га­та за де­мок­ра­ти­ја не бев­ме за­ин­те­ре­си­ра­ни за без­дар­ни­ци, ни­ту за лум­пен­про­ле­те­ри, за лиш­ки и ли­жи­са­а­ни и то­а от­во­ре­но го ка­жу­вав­ме. Книш­ки ве­ру­вав­ме де­ка е нај­доб­ра она­а пар­ти­ја што има мно­гу сим­па­ти­зе­ри, а ма­лу ак­ти­вис­ти. Ли­га­та за де­мок­ра­ти­ја ни­ко­гаш не се бо­ре­ше за број­но член­ство (во мо­мен­тот ко­га бе­ше нај­мно­губ­рој­на, таа, ве­ру­ва­ле или не, има­ше рам­но 1.537 чле­но­ви!). Си­те бе­а ком­пју­тер­ски ре­гис­три­ра­ни, ни­кој не пла­ќа­ше чле­на­ри­на, а ре­дов­но (и бес­плат­но) го до­би­ва­ше ДЕ­МОК­РАТ­СКИ ФО­РУМ.

Целата колумна прочитајте ја на следниот ЛИНК.

***

Сакате да продолжите со читањето на останатите 319 колумни? Обезбедете си примерок!
Оваа колумна е само една 319-те издадени во збирката наречена едноставно „Колумни“. Оваа книга, како и сите останати во издание на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ, не се продаваат на „традиционален“ начин. туку се добиваат како благодарност за вашата донација. Финансиските средства обезбедени од донациите ќе бидат употребени за помош при школување и вработување на деца без родители, што е една од стратешките определби на Фондацијата.

Инструкции за нарачување За да ја добиете оваа книга, кликнете на копчето Донирај на следниот ЛИНК и во полето за забелешка наведете ја адресата на која сакате да ви биде доставена книгата. Донирајте износ по Ваш избор во Фондот за школување на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ, а книгите заедно со автограм од авторот ќе Ви бидат доставени на Вашата домашна адреса. Забелешка: Можете да донирате износ по Ваш избор, но не помал од 1000 ден + поштарина. Поштарината за испорака во Македонија изнесува 130 денари. За испорака надвор од Македонија, контактирајте ја Фондацијата претходно.

Поврзани содржини