„ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ШТАЈНМАЈЕР Е ТИРАНИН! СРАМ ДА МУ Е!“ Илон Маск влезе во дуел со германските власти

Германскиот претседател, Франк-Валтер Штајнмаер, ја видел објавата на милијардерот Илон Маск, во која директорот на „Тесла“ го нарекува Штајнмаер „тиранин“, но решил да не ја коментира.

2,803

Илон Маск, извршниот директор на „Тесла“, „Икс“, „Спејс Екс“ и на други компании, го нападна германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер, нарекувајќи го „тиранин“, објави Дојче веле.

Американскиот милијардер и близок советник на новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп, во вторникот на неговата платформа „Икс“ напиша: „Штајнмаер е антидемократски тиранин! Срам да му е“.






Од кабинетот на Штајнмаер соопштија дека претседателот ја видел објавата, но дека нема да ја коментира.

Коментарот на Маск се однесува на објава на инфлуенсер близок до екстремнодесничарската партија Алтернатива за Германија (АФД), кој го критикуваше Штајнмаер откако претседателот се изјасни против странското влијание на претстојните избори. Штајнмаер во парламентот експлицитно ја спомена социјалната мрежа Икс која е во сопственост на Маск.

Маск, познат по честото објавување провокативни пораки на својата платформа, предизвикува бурни реакции во германската политика додека земјата се подготвува за избори на 23 февруари.

Во текот на викендот, тој повторно ја промовираше АфД во колумна за весникот „Велт ам зонтаг“(Welt am Sonntag). По падот на тричлената коалициска влада во ноември, шефот на Тесла на германски напиша за канцеларот Олаф Шолц: „Олаф е будала“.

Во претходната објава тој предвиде дека Шолц ќе ги загуби изборите, но погрешно го напиша своето име. Профилот на Маск има повеќе од 200 милиони следбеници.

СОПСТВЕНИЦИТЕ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ НЕМА ДА РЕШАВААТ ЗА ИЗБОРИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА Шолц индиректно го критикуваше Илон Маск

Поврзани содржини