Претседателот на турското Собрание во посета на земјава
Шентоп денеска ќе има средба со претседателот на Собранието Талат Џафери, а потоа заедно ќе присуствуват и ќе имаат обраќања на официјалната прослава по повод 21 Декември – Денот на турската настава во Скопје.
Претседателот на Големото национално собрание на Република Турција Мустафа Шентоп денеска и утре ќе престојува во посета на Северна Македонија во рамки на одбележувањето на 21 Декември, Денот на турската настава.
Шентоп денеска ќе има средба со претседателот на Собранието Талат Џафери, а потоа заедно ќе присуствуват и ќе имаат обраќања на официјалната прослава по повод 21 Декември – Денот на турската настава во Скопје. Претседателот на Големото национално собрание на Турција се очекува да се сретне и со претседателот на државата Стево Пендаровски и со премиерот Зоран Заев.