Претседателот на СДП Бернардиќ поднесе оставка по поразот на коалицијата Рестарт

345

Претседателот на Социјалдемократската партија на Хрватска Давор Бернардиќ денеска поднесе оставка по изборниот дебакл на Рестарт коалицијата на таа опозициска партија.

Бернардиќ на прес-конференција, по седницата на Претседателството на СДП, рече дека за лидер на партијата ќе бидат распишани избори и дека тој нема да се кандидира.






– До изборите, вршител на должноста претседател на СДП ќе биде Златко Комадина – рече Бернардиќ.

Според сѐ уште неофицијалните резултати од изборите, коалицијата „Рестарт“ освои 41 место во хрватскиот парламент, иако предизборните анкети укажуваа дека ќе биде релативен победник. 

Поврзани содржини