ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА КЛУБОТ „ЦАР БОРИС ТРЕТИ“ ПОВИКАН НА РАСПИТ Еврејската заедница го обвини за ширење антисемитизам

Претседателот на заедницата, Пепо Леви даде изјава за ТВ Алфа каде вели дека целта „не е некој да оди во затвор 10 години, туку да престане омаловажувањето и дискриминацијата на Евреите преку величење на нацизмот и фашизмот“.

475

Томе Блажески, претседателот на згаснатиот бугарски културен клуб „Цар Борис Трети” е повикан на 28 април да даде исказ во обвинителството за пријава за ширење говор на омраза. Пријавата ја поднела еврејската заедница во Македонија.

Претседателот на заедницата, Пепо Леви даде изјава за ТВ Алфа каде вели дека целта „не е некој да оди во затвор 10 години, туку да престане омаловажувањето и дискриминацијата на Евреите преку величење на нацизмот и фашизмот“.






Леви смета дека не смее да се дозволи „будење на фашизмот преку промоција на колаборатори на Хитлер“ и да се потпалуваат масите во Македонија и во Бугарија со што „непотребно се шири омраза меѓу двата народи“.

Поврзани содржини