Претседателот на огранокот на Движењето Беса во Кичево Исеин Ајдари со соопштение до јавноста инфромира дека се повлекува од претседателката функција на огранокот на оваа партија во Кичево.
– Почитувани граѓани, по објавувањето од Централното претседателство на Движењето Беса по одлуката за реорганизација на партијата во структурен аспект, почнувајќи од ограноците и подограноците, со тоа мене како сегашен претседател на огранокот во Кичево, ми завршува мојот мандат – пишува Ајдари.
– Им се заблагодарам на секој претседател на подгранок и раководството на огранокот кои внимателно ги извршуваа сите активности и задачи што произлегуваат од огранокот во Кичево и јас како нејзин сегашен претседател – вели Ајдари
Тој вели дека му посакува многу успеси на новиот претседател кој ќе биде избран со гласовите на новите делегати и му се заблагодари на Централното претседателство и на претседателот на Беса, за успешната соработка и можноста дадена на последните парламентарни избори како кандидат за пратеник на подрачјето на Кичево, со кои Движењето Беса стана составен дел од владата.