Претседателот на Гватемала ќе работи од дома заради заразените во неговата резиденција

256

Претседателот на Гватемала, Александро Џаматеи е во самоизолација и ќе работи од дома, откако најмалку 18 лица вработени во неговата резиденција, се позитивни на тестот за присуство на коронавирусот.

Џаматеи во телевизиското обраќање кажа дека и тој и потпретседателот Гилермо Кастиљо биле тестирани, но дека се негативни, пренесува Си-Ен-Ен.






Кастиљо, исто така, ќе работи од дома.

Пристапот до резиденцијата во следните 72 часа ќе биде ограничен, а сите вработени ќе бидат тестирани.

Во Гватемала досега се потврдени 7.055 случаи на коронавирус, а 252 лица умреа.

Поврзани содржини