Претседателот на Чиле казенет со 3.500 долари за неносење маска

На фотографијата се гледа како претседателот и еден случаен минувач стојат многу блиску еден до друг, и двајцата без заштитни маски.

211

Чилеанскиот претседател Себастијан Пинера е казнет со 3.500 американски долари откако пред случајни минувачи на плажа направил селфи фотографираја без маска на лицето, јавија британските медиуми.

Пинера се извини за постапката, а потоа се пријави кај надлежните органи, откако на почетокот на декември фотографијата се појави на социјалните мрежи.






Чилеанскиот претседател објасни дека сам шетал на плажа во близина на неговиот дом во Какагва, кога една жена го препознала и побарала заедничка фотографија.

На фотографијата се гледа како претседателот и еден случаен минувач стојат многу блиску еден до друг, и двајцата без заштитни маски.

Во Чиле носењето маски е задолжително на сите јавни места, а за кршење на оваа мерка се предвидени парични казни, па дури и затвор.

Поврзани содржини
na