ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА ЗДРУЖЕНИЕТО „ДО БЕБЕ ПО ПАТОТ НА ИН ВИТРО“ СО ВЕЛИКОДУШЕН ГЕСТ Без размислување ѝ понудив на пријателката мои јајце клетки
На Зоја ѝ биле потребни 12 години и 7 ин витра за да се оствари како мајка, па ја препознала желбата и болката низ која поминувала нејзината пријателка. Денес, иако ѝ донирала свои јајце-клетки и е генетски поврзана со детето, вели дека во нивниот однос не е сменето ништо. „Таа е мајка на тоа дете, а тоа дете за мене е дете на мојата другарка“, вели нашата соговорничка.
Зоја е претседателка на здружението „До бебе по патот на ин витро“, мајка на петгодишно момче кое го добила после 12 години тежок и мачен пат до мајчинството и како резултат на седмото ин-витро. Затоа својот син си го вика „Мојата седма среќа-мојата седмица на лото“.
Со оглед на својата долгогодишна борба да стане мајка, таа најдобро можела да ја разбере болката на својата другарка кога таа дознала дека има многу ниско АМН (Антимилеров хормон е хормон кој се произведува од страна на фоликулите во јајниците кои содржат јајце клетки. Нивото на Анти-Mullerian хормонот во крвта e директен индикатор за проценка на плодноста кај жените и за следење на реакцијата на пациентите подложени на терапија за фертилизација) и дека единствен начин да се оствари како мајка ѝ е по пат на донација.
Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.