ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА АНТИКОРУПЦИСКА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА Обвинета е за оддавање службена тајна и за фалсификување на сертификатот за безбедност
Партијата Левица завчера поднесе иницијатива за разрешување на претседателката на Државна комисија за спречување на корупцијата Татјана Димитровска, до Комисијата за прашања на изборите и именувањата.
Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, денеска до претседателот на Собранието, Африм Гаши, поднесе оставка од нејзината функција, соопшти Кабинетот на претседателот на Собранието.
Собранието ќе постапи согласно предвидените процедури и за истите благовремено ќе информира, се додава во кусото соопштение од Парламентот.
Партијата Левица завчера поднесе иницијатива за разрешување на претседателката на Државна комисија за спречување на корупцијата Татјана Димитровска, до Комисијата за прашања на изборите и именувањата.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, на 18 јули годинава, поднесе обвинителен предлог против претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, која се сомничи дека во периодот од мај до декември 2024 година, на неповикано лице обвинето во предметот „Адитив“ му сторила достапни податоци кои се сметаат за службена тајна. Воедно, на Димитровска ѝ се става на товар и дека незаконски го добила сертификатот за класифицирани информации.