ПРЕТРЕС ВО „ДОЈЧЕ БАНК“ Се проверуваат сомнителни трансакции кои банката сама ги пријавила

Според компанијата, претресот вклучува сомнителни трансакции кои банката самата ги пријавила во врска со перење пари. Банката рече дека целосно соработува, јавува Ројтерс.

535

Истражните органи по налог на германското Обвинителство денеска влегоа во „Дојче банк“ во Франкфурт на Мајна. Во акцијата се вклучени припадници на Федералната криминалистичка служба, Финансиската полиција и Обвинителството.

Засега не е позната позадината на претресот на канцелариите во „Дојче банк“. Според компанијата, претресот вклучува сомнителни трансакции кои банката самата ги пријавила во врска со перење пари. Банката рече дека целосно соработува, јавува Ројтерс.






Дојче банк, под раководство на извршниот директор Кристијан Севинг, се обидува да ја поправи својата репутација по серијата засрамувачки и скапи регулаторни пропусти.

Поврзани содржини