ПРЕТРЕС НА „ДЕВЕ БАИР“ Возач на автобус завиткал 100.000 франци со селотејп и ги сокрил во панталоните (ФОТО)
При извршена детална контрола и личен претрес на возачот во внатрешниот џеб на панталоните му биле пронајдени непријавени две пакувања обвиткани со црн најлон и селотејп трака во кои се наоѓале 100.000 швајцарски франци, соопшти Царинската управа.
При контрола на автобус пријавен за излез на ГП Деве Баир, царинските инспектори од Одделението за оперативни работи, привремено задржаа 100.000 швајцарски франци, информираше Царинска управа преку соопштение.
„На ГП Деве Баир за излез се пријавил автобус со македонски регистарски ознаки на превозник од Гостивар, управувано од лицето Х.О државјанин на Република Турција, кој сообраќа на редовна линија Гостивар – Истанбул. При извршена детална контрола и личен претрес на возачот во внатрешниот џеб на панталоните му биле пронајдени непријавени две пакувања обвиткани со црн најлон и селотејп трака во кои се наоѓале 100.000 швајцарски франци“, наведено е во соопштението.
Од Царина велат дека девизните средства се привремено одземенa со Потврдa за привремено одземени предмети, а против пријавеното лице ќе биде поднесено Барање за поведување на прекршочна постапка до Основниод суд во Крива Паланка.