Претпладне сончево, попладне локален дожд

211

Претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, додека во пладневните часови ќе има извесно зголемување на облачноста со изолирана појава на краткотраен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северозападен и западен превец. Минималната температура ќе се движи до 11 степени, а максималната ќе биде во интервал од 16 до 25 степени.

Во Скопје времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во попладневните часови облачноста ќе се зголеми и ќе има појава на локален дожд, наместа ќе биде пороен, и проследен со ретки грмежи. Температурата ќе се движи од 10 до 22 степени. УВ индексот ќе биде 7.






Следува период на потопло време, но ќе има повремена појава на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поврзани содржини