ПРЕТПЛАДНЕ СОНЦЕ, ПОПЛАДНЕ ДОЖД Нѐ очекува топол ден со температури до 32 степени

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

72

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, ретки грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степени. УВ-индексот ќе изнесува 6.






Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 29 степени.

УХМР соопшти дека денеска во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, ретки грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме.

Од денеска попладне и во понеделник ќе дува засилен северозападен ветер што ќе услови опаѓање на температурите, а од среда ќе бидат во постепен пораст и ќе преовладува стабилно и топло време.

Денеска е недела, 11 септември 2022 година, 249-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 116 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 8 минути, а ќе зајде во 18 часот и 53 минути.

Денов трае 12 часа и 45 минути.

Месечината, која е во фаза на полна Месечина, ќе изгрее во 19 часот и 41 минута, а ќе зајде во 6 часот и 59 минути.

Поврзани содржини